Гостиварската локална самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) планираат обуки за намалување на ризиците од елементарни непогоди и во случаи на земјотреси.

По тој повод, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, оствари средба со претставниците на ДЗС на која разговараа за кампањата и обуките на тема „Намалување на ризиците од земјотрес“.

- Оваа кампања ќе се одвива во основните и средните училишта и нејзина цел е спречување ризици во случај на земјотрес. Во неа, општина Гостивар ќе соработува и ќе ја координира, наведуваат од општина Гостивар.

На средбата е договорено и во иднина да се организираат заеднички обуки за други кои се однесуваат на заштита од елементарни непогоди. Како најпогодно, за ова беше посочена Летната школа која се организира за време на летниот распуст.

Градоначалникот Таравари искажа задоволство и им се заблагодари на претставниците на ДЗС за иницијативата и притоа ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа за соработка кои, како што се наведува во соопштението, се иницијативи за доброто на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 15:04