Во анализата на ДКСК утврдени се бројни незаконитости во распределбата на средствата од даночно ослободување, кои изнесуваат околу една милијарда денари годишно, поради што континуирано во изминативе неколку години, се оштетува државниот буџет и спортистите кои имале право на овие финансии, а кои не ги добиле.

Антикорупциската комисија бара кривично гонење на директорот на АМС и на членовите на Централната комисија за евалуација на предлог-листите за доделување спортски ваучери.

Левица повеќепати преку свои реакции предупреди за неодговорното раководење на АМС и за последиците кои ќе ги трпат сите засегнати во спортот и истите поради незаконските постапки на АМС можеби нема да добијат ваучери за 2023 година, што е катастрофален исход за спортот во државата.

Државниот завод за ревизија даде негативна оценка за работата на АМС по однос распоредување на средставата преку ваучерите, во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

Додека, во врска со распределбата на средства до Националните спортски федерации (НСФ), АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на НСФ - согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности.

Земајќи ги во предвид сите посочени неправилности и незаконитости од ДКСК и ДЗР, Наумче Мојсовски освен што мора да си поднесе оставка од позицијата директор на Агенција за млади и спорт, на чие чело беше поставен во 2020 година, токму од редовите на СДСМ, мора да одговара.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 15:05