Црногорската Државна изборна комисија го врати на ревизија предлогот за кандидатура за претседател на Црна Гора Андрија Мандиќ, еден од лидерите на Демократски фронт (ДФ), поради несоодветна документација. Тие имаат 48 часа да ја дополнат документацијата, а која се однесува на потписите за поддршка.

ДФ велат дека опструкциите ги прават членовите на Демократската партија на социјалистите во ДИК.

„Откако претставниците на ДПС во ДИК побараа да се провери дали Андрија Мандиќ има живеалиште и право на глас во Србија, сега од банални и сомнителни причини ја враќаат неговата кандидатура на пречистување“, наведуваат од ДФ и додаваат дека се подготвени да достават 100.000 потписи за поддршка.за нивниот кандидат.

„Опструкциите на претставниците на ДПС во ДИК, со намера на секој начин да се обидат да ја спречат сигурната победа на Андрија Мандиќ на претседателските избори, претставуваат последен обид на Мило Ѓукановиќ во неговиот политички очај и неподготвеност да донесе одлука за влез во претседателската трка.

Тие наведуваат дека за неполна недела собрале над 15.000 потписи за поддршка за кандидатурата на Андрија Мандиќ и дека кампањата се уште трае. Очекуваат дека до крајот на денот ќе имаат собрано 35.000 потписи за поддршка од граѓаните на Црна Гора со редовни матични броеви и ЈМБ.

„Ова најдобро покажува дека сме подготвени да одговориме на секаков вид на опструкции од ДПС, а само сакаме да им кажеме доколку е потребно и на правните „чистачи“ од ДИК, ќе им доставиме и 100 илјади потписи за поддршка“, се наведува во соопштението на ДФ.

Тие оценуваат дека победата на Андрија Мандиќ е неспорна.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 15:22