Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски го посети ЈП Пазари и изврши увид на реновираните делови нa јавното претпријатие.

На средба со директорот на претпријатието Никола Гацовски, градоначалникот Коњановски беше информиран дека од денес, закупците на тезги за продажба на текстил во Градскиот пазар, имаат нов реновиран затворен простор, со современи услови кои одговараат на потребите на продавачите и купувачите.

Надминат е долгогодишниот проблем во овој дел на градскиот пазар, комплетно е променета и старата лоша слика на објектот и извршено е негово реновирање со поставување на плочки, нови тезги и соблекувални. Во текот на оваа недела, комплетно ќе биде завршено и расчистувањето на отворениот дел од пазарот каде што до неодамна закупците продаваа текстил, соопштија од Општина Битола.

ЈП Пазари работаат и на нови проекти за подобрување на условите и хигиената во Градскиот пазар.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 15:59