Нема ниту една пријава од страна на граѓани до ЈП ,,Исар"-Штип за замрзнати цевки или водомери. И покрај ниските температури граѓаните во Штип соодветно ги заштитиле своите водомери велат од претпријатието. Но, Бранко Горгијев од ЈП ,,Исар" додава дека потребно е заштитата да продолжи и во наредниот период, бидејќи се најавуваат екстремно ниски температури, особено во вечерните и утрински часови. Истовремено, ако се појават некакви проблеми од претпријаието апелираат граѓаните да пријават во Инфо ценатрот кој постојано е достапен, и да не преземаат активности на своја рака.

-Поради ниските температури што се очекуваат во наредните неколку денови, можно е да настанат дефекти на главните водоводни линии, на самите стакла на водомерите, ама ова се случува онаму каде имаме незаштитени водомерни шахти. Затоа препорачувам граѓаните да ги заштита со соодветна изолација, а исто така ако дојде до дефект да пријават до Инфо центарот на ЈП ,,Исар" кое работи 24/7, да не преземаат на своја рака активности, вели Горгијев.

Главните водоводни линии во град Штип се на соодветна длабочина и затоа не се соочуваат со проблеми од замрзнување. Тоа значи дека нема да има проблеми со водоснабдувањето.

-Главните водоводни линии во Општина Штип се на соодветна длабочина, на 80 сантиметри, значи сѐ што е над 80 сантимерти доаѓа до замрзнување. Ако е соодветно поставена самата водоводна линија и мрежа нема да дојде до замрзнување, вели Горгијев.

Поголеми дефекти на вододни линии и замрзнување на водомери не беа регистрирани ниту минатата година овој период кога температурите беа екстремно ниски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 02:12