Американскиот фудбалски стратег Џеси Марч веќе не е тренер на Лидс, потврди попладнево англискиот прволигаш.

Марч го презеде Лидс во јануари лани и успеа да избори опстанок со клубот во Премиер лигата, но до прекин на соработката дојде по серијата од седум натпревари без победа, која во моментов го спушти Лидс на 17. место на табелата само едно над зоната за испаѓање.

Марч пред ангажманот во Лидс беше помошник тренер на американската репрезентација, а ги предводеше и Монтреал, Њујорк, Салцбург и Лајпциг.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 02:27