Планинарски спортски клуб „Х2О“ Скопје и планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово викендов на Попова Шапка организираа „Зимска школа 2023“. Ова е десетто јубилејно издание на овој вид на обука во зимски услови за планинари.

Предавачите на оваа школа ги запознааа учесниците со повеќе теми како употреба на зимска планинарска облека и опрема, движење низ снег и употреба на планинарски стапчиња, основни карактеристики и движење со дерези, цепин и дрезги, приказ на опрема за турно скијање и движење со турно скии, изградба на зимско засолниште и снежен профил. Вториот дел од зимската школа беа спречување на падови со цепин и дерези како и движење во наврска (јаже, појас, шлем, цепин, дерези)

-Да оствариш јубилеј, значи да си постојан, да имаш континуитет во работата што ја правиш. За нас тоа претставува многу љубов, знаење, вештини пренесени низ годините на учесниците на Зимската школа. Оваа година благодарение на минусните температури и поминати шест часа на отворено, учесниците се здобија и со карактер за искачување во зимски услови, порачаа организаторите од клубовите „Х2О“ Скопје и планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово.

На школата учествуваа повеќе и клубовите ДПС Лисец, ПК Петрикор, ПСК Скопска Црна Гора. На досегашните школи учествувале повеќе од 450 планинари, а во организацијата и изведбата на Зимските школи беа вклучени повеќе планинарски клубови регистрирани во ФПСМ, како и по 20-тина искусни планинарски водичи



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 02:27