Телото на поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф денеска е пренесено во Пакистан каде ќе биде погребан, соопштија локалните власти.

Мушараф (79) почина вчера по долго боледување во болница во Дубаи, во самонаметнат егзил што траеше со години.

Тој ќе биде погребан на воените гробишта во јужниот пакистански град Карачи утре попладне по погребна молитва, соопшти неговото семејство.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 02:41