Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер упати повик германската демократија да се направи поотпорна на новите закани однадвор и зголемените напади одвнатре, во денешното обраќање во Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен.

Во екот на војната во Украина, ова ќе вклучува „добро опремена германска армија“ која е подготвена да ја брани земјата, рече тој, пренесе ДПА.

Тој, исто така, повика на „ангажирани граѓани, морално цврсти и јасни во нивното политичко расудување, кои се подготвени да застанат во одбрана на земјата и демократијата“.

Штајнмаер и оддаде почит на групата Бела роза со центар на Универзитетот во Минхен која му се спротивстави на нацистичкиот режим за време на Втората светска војна.

Членовите на главно студентската група предводена од Ханс и Софи Шол биле уапсени на почетокот на 1943 година додека дистрибуирале летоци со повик за прекин на војната. Семејството Шол, заедно со нивниот пријател Кристоф Пробст, беа гилотинирани на 22 февруари неколку дена по нивното апсење.

„Белата роза“ пружи отпор на режимот на терор кој употребуваше бруталност врз своите противници, рече Штајнмаер во своето обраќање.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 02:41