Премиер лигата соопшти денеска дека актуелниот англиски шампион Манчестер сити е под истрага на независна комисија за можно кршење на правилата на финансискиот ферплеј.

Комисијата, како што е соопштено, треба да ги истражи финансиското работење на клубот во периодот од сезоните 2009/10 и 2017/18.

Според Премиер лигата, Манчестер сити ги прекршил правилата на лигата за задолжително обезбедување „точни финансиски информации кои дваат вистински и фер приказ на финансиската состојба на клубот“, а се однесуваат на сите приходи 9вклучувајќи и приходи од спонзорства), детали за платите и надоместоците за тренерите и играчите, како и почитување на припосите на УЕФА, профиталноста и финансиската одржливост.

Манчестер сити во февруари 2020 година беше исфрлен од натреварувањата на УЕФА поради навосно кршење на финансиските правила, но подоцна истата година Спортскиот арбитражен суд ја поништи казната



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 02:41