Турција денеска беше погодена од неколку силни земјотреси. Потресите предизвика големи разурнувања и во соседна Сирија, каде што најмногу настрада градот Алепо. Тресењето на земјата е почувствувано и во други делови на Турција, Грузија, Ерменија, Кипар.

Во Турција и Сирија од синоќа траат избезумените напори на спасувачите и локалното население да извлечат и пронајдат преживеани во урнатините по разорниот земјотрес. Бројот на загинати се искачи на повеќе од 3.000.

Во текот на целиот ден на социјалните мрежи се објавуваат видеа од ужасни сцени, но и потраги кои завршиле успешно.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 04:27