Потпретседателката на САД Камала Харис ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција од 16 до 18 февруари, во пресрет на првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, се вели во соопштението на нејзиниот кабинет.

„Изјавите на потпретседателката во Минхен ќе покажат трансатлантско единство и решителност, американско глобално лидерство и нашата трајна посветеност да ја поддржиме Украина“, нагласи портпаролката на Харис, Кирстен Ален, во соопштението.

Харис ќе одржи говор и ќе се сретне со странски лидери.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 09:28