Во контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Како што соопшти МВР, изречени се две мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, две санкции за недавање предност на минување на пешаци...

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 09:29