Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри сака да избегне испаѓање од Серија А.

- Во моментов постои факт дека ни се одземени 15 бода и треба да размислиме како да освоиме 40 поени и да избегнеме испаѓање. Иронично, но ова е тоа за што треба да размислиме на прво место, напредувајќи чекор по чекор. Сезоната е долга, го продолжуваме нашето патување. Ние сме во полуфиналето на Купот на Италија, а во Лига Европа исто така сакаме да одиме понатаму. Но, на се мора да одговориме со игра на теренот, без прибегнување кон изговори, изјави Алегри пред натпреварот со Салернитана.

Натпреварот со Салернитана е закажан за вечер во 20:45 часот.

Јувентус во моментов е на 13.место во Серија А со 23 бода, девет повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 09:56