Полициски службеници вчера во Гостивар го привеле 34-годишниот гостиварец С.С., кој се сомничи дека на 05.02.2023 одзел мотоцикл „априлија“ со гостиварски ознаки, сопственост на 68-годишен жител на Гостивар, што бил паркиран во влезот на зградата во која живеел.

Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 12:10