Иран денеска соопшти дека изградил подземна воздухопловна база, наречена „Орел 44“, прва од таков вид доволно голема за сместување на борбени авиони, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Базата „Орел 44“ е способна да складирање и оперативни активности на борбени авиони и беспилотни летала, пренесе ИРНА.

Во извештајот не е прецизирано каде се наоѓа базата.

Тоа, како што наведува ИРНА, е една од најважните воздушни бази во земјата, изградена длабоко под земја, опремена за сместување на борбени авиони со крстаречки ракети со долг дострел.

Во мај, иранската војска откри детали за друга подземна база во која се сместени дронови.

„На секој напад врз Иран од страна на нашите непријатели, вклучително и Израел, ќе се одговори од нашите бројни воздушни бази, вклучително и од базата „Орел 44“, изјави началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Мохамад Багери за државната телевизија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 13:42