Израелските сили убиле палестински тинејџер за време на рација денеска на окупираниот Западен Брег.

„Хамза Амџад ал Ашкар (17) бил застрелан во лицето од израелски војници во Наблус“, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Анадолија.

Во соопштението се додава дека бројот на убиени Палестинци од израелските сили годинава е зголемен на 42, а дека меѓу нив има девет деца и една постара жена.

Израелските сили постојано вршат рации на Наблус во потрага по членови на вооружена група позната како Лавовска дупка, која се појави на окупираниот Западен Брег минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 14:24