Во чеcт на 50-годишнината на хип-хопот, објавена е „Билборд“ листа со 50 најдобри машки и женски рапери на сите времиња. Така, Ники Минаж се најде на 10-то место, со што како единствената жена во топ 10, официјално стана и најдобрата жена раперка на сите времиња.
„Таа несомнено го отвори патот за следната генерација раперки, а во истовреме изгради и своја оставина чие влијание не е ограничено само на светот на хип хоп“, се вели во објаснувањето.
Кога станува збор за раперот број еден - Џеј Зи е на самиот врв на листата. „Билборд“ додава дека тој се етаблирал и како бизнисмен.
„Можеби има и други рапери кои би можеле да тврдат дека ќе му конкурираат на Џеј Зи за престолот, но едноставно не постои никој што може да му се спротивстави на целата негова кариера - долговечноста и широчината на неговите достигнувања“, се наведува.
Мислењата на твитерџиите љубители на рап и хип-хоп, се поделени.