Македонските женски ракометни репрезентации во кадетска и младинска конкуренција денеска ги дознаа ривалите за европските првенства што ова лето ќе се одржат во Црна Гора и Романија.

Македонските кадетки на завршниот турнир во Подгорица од 3 до 13 август ќе играат во групата Д против Унгарија, Франција и Романија.

На Европското првенство во младинска конкуренција од 6 до 16 јули во Питешти и Миовени, македонската репрезентација е во групата Д и ќе игра против Данска, Црна Гора и Чешка.

Жрепката за групите беше извлечена попладнево во седиштето на ЕХФ во Виена.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2023 02:56