Членовите на групата Дубиоза колектив од БиХ ги замолија фановите да потпишат петиција за нивно заминување на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Ливерпул.

„Покрената е петиција Дубиоза колектив да учествува на Евровизија како претставник на оние кои не се претставени. Црна Гора, Македонија, Бугарија, Словачка, Унгарија и Турција годинава нема да имаат претставник на европскиот натпревар, како и Босна и Херцеговина, која поради неплатени долгови кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ) седум години не учествува на Евровизија“, велат тие.

Тие сакаат публиката да го даде својот глас на колективното барање ЕБУ да дозволи Дубиоза колектив да настапува три минути и да ги претстави непретставуваните.

„Дубиоза колектив ќе пее под знамето на Апсурдистан. Дубиоза колектив не сака да се натпреварува, туку сака да учествува“, заклучија тие. Сите заинтересирани може да ја потпишат петицијата овде.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2023 04:07