Македонската ракометна репрезентација вечер од 19 часот ја пречекува Португалија во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024.

Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола. Селекторот на „црвено-жолтите“ Кирил Лазаров се соочува со проблеми поради неколкуте отсуства на играчи поради повреди или други причини.

Сепак, од таборот на македонскиот национален тим ветуваат мексимална борбеност и пожртвуваност во обид да се дојде до победа и со тоа да се направи можеби и најважниот чекор на патот кон Еуро 2024.

Двете репрезентации по вечерашниот натпревар во Скопје, за три дена ги чека реваншот во Порто.

На првиот дуел од 3.коло во оваа група, Турција вчера го победи Луксембург на гости со 30:29 и ги освои првите два бода, додека домаќините останаа со празни раци и по три одиграни средби.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2023 09:39