Меган Фокс се појави на забавата на „Венити фејр“ по „Оскарите“ без свршеникот, раперот Машинган Кели, но многумина забележаа дека таа не го носи ниту вереничкиот прстен. Тоа повторно поттикна гласини за можно раскинување.

Глумицата го привлече вниманието на забавата, со тесен црн фустан и истакнато деколте, а нејзината препознатлива црна коса ја обоила во црвено.

Озборувањата дека двојката раскинала се појавија минатиот месец кога Фокс сподели пишана порака за неверство на својот интернет-простор, па ги отстрани сите заеднички слики со раперот. Многумина се посомневаа на неверство на раперот, а се спомнуваше и гитаристката Софи Лојд.

Сепак, кусо потоа тие беа видени за Денот на вљубените во автомобилот на канадскиот рапер. Американските медиуми пишуваа дека парот се обидува да си ги реши проблемите кај советник за врски.

Меган, исто така, подоцна негираше дека трето лице е вмешано во нивната врска.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2023 10:02