Претседателот и членовите на Комисијата за финансирање и буџет учествуваат на дводневна работилница поддржана од Вестминстер фондацијата за демократија на која се дискутира за Предизвиците за македонската економија од воведувањето на даночната реформа.

-Целта на работилницата е да се разменат мислења и ставови во однос на стратегијата за реформи на даночниот систем, целите и приоритетите на реформата, воведувањето на нови даноци, проширувањето на даночната основа и подобрувањето на ефикасноста на даночниот систем, информираат од собраниската прес-служба.

Во своите излагања пратениците посочија дека е потребно да се обезбеди праведен, ефикасен и современ даночен систем кој ќе придонесе за намалување на даночната евазија и сивата економија, праведност во одданочувањето и поголема ефикасност во прибирањето на приходите од страна на даночната администрација.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 11:31