Премиерлигашот Ливерпул верува дека е во добра позиција да го ангажира играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт.

Според „90min“, 24-годишниот фудбалер има нешто повеќе од една година од актуелниот договор со „Сините“ и покрај разговорите за продолжување на соработката, страните не успеале да постигнат договор.

Покрај Ливерпул, за Маунт се заинтересирани и Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Њукасл.

Фудбалерот од средниот ред оваа сезона забележа 32 настапи за Челзи, постигнувајќи три гола и шест асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на 65 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 13:58