Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Алити за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај, потврдуваат за ТВ 24.

По назначувањето на Бујар Османи за координатор на огранокот на ДУИ во Чаир, одлуката на претседателот на интегристите Али Ахмети е донесена со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси на ДУИ во Сарај“.

Овие одлуки ги оспорува мала група во ДУИ како Изет Меџити, Муса Џафери, Блерим Беџети, Висар Ганиу и Невзат Бејта заедно со дел од нивните следбеници.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2023 04:48