Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола денеска го лишиле од слобода М.К.(32) од Битола.

Како што соопшти МВР, М.К. се сомничи за извршени две тешки кражби во викендици во Битолско од каде биле одземени предмети, кои се пронајдени и вратени на сопствениците.

Од МВР најавија дека по документирање на настанот против сторителот ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2023 04:28