Иницијативата за промена на полагањето на државната матура за матурантите во 2023 година на ОДАС се оствари со 1 одржана дебата, 1 одржан протест и 100% исполнето барање. Истата е успешна поради залагањето и учеството на средношколците од цела држава.

Исполнетото барање се однесува на:

Намалување на обемот на тестот предвиден за полагање на државната матура

А дополнително остваривме уште еден чекор кој на матурантите ќе им го олесни полагањето на матурата, односно:

Задолжителни банки на прашања за интерните предмети, во обем трипати поголеми од интерниот испит, и тоа четири недели пред самиот испит.

Ги охрабруваме сите средношколци да (о)станеме активни чинители во општеството, да го следиме работењето на институциите и навремено да реагираме за да обезбедиме покреативни и поиновативни решенија.

Исто така, ве покануваме да не следите за информации околу следниот Национален средношколски самит 2023, на кој претставници од сите средни училишта ќе ги искажат своите ставови и ја креираат втората Национална декларација на средношколците.

Мило ни е што нашата брза и навремена иницијатива доведе до започнување на разговори со МОН, предизвика промена во овогодинешната матура и го разбуди Сојуот на средношколци да се заложи за барањата на средношколците.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 13:30