Денеска на ул. „Караорман" во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(27) од Кичево.

Тој се барал по наредба од Основен суд Кичево за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 од Кривичниот законик, кое го сторил во текот на 2022 година.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 15:41