Во пожар, што избувнал вчера во куќа на С.А. (77) од радовишко Злеово, биле опожарени куќата, плевна со сточна храна и гаража во која имало комбајн, камион и друга земјоделска механизација, соопштија денеска од СВР Струмица.

- Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалните противпожарни единици од Струмица и Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и увидна екипа од ОВР Радовиш, стои во соопштението на СВР Струмица.

Според информациите од пожарникарите, во гаснењето на пожарот учествувале 3 возила и 13 пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош биле повикани и пожарникарите од Струмица со два камиона и 6 пожарникари



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2023 14:45