Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за Потраги-Отсек за потрага денеска на улица „Аврам Пицевски“ во Скопје го лишија од слобода Н.Н. (62) кој бил баран со потерница по Наредба од Основен Кривичен Суд Скопје за издржување на казна затвор од 3 години , за кривично дело казниво по член 236 ст.1,2 од КЗ на РСМ. Како што информираа од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2023 01:21