Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изрази незадоволство од играта и резултатите на Баварците“.

- Не сме задоволни со резултатите. Наша задача е да играме подоминантен фудбал, побрзо и послободно, побеспрекорно. Во моментов не сме во можност да го сториме тоа. Не сме задоволни ниту од резултатите, ниту од начинот на кој играме. Нема да престанеме да работиме на подобрување, изјави тренерот на Баерн.

Пред последното коло од шампионатот, Баерн е на второто место со два бода помалку од Борусија Дортмунд.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2023 11:52