Во периодот од полноќ до 04.00 часот изутрината полициски службеници од секторите за внатрешни работи заедно со Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во 228 угостителски објекти на територијата на повеќе градови.

Како што се наведува во соопштението од МВР, во акцијата констатирано е едно кривично дело по член 204 од КЗ, точење алкохол на малолетници во угостителски објект во Скопје, за што е приведено едно лице.

Констатирани се и три прекршувања на законот за пушење, едно прекршување на законот за угостителска дејност и друго.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2023 11:53