Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека „нема грижи“ за иднината на Мохамед Салах во тимот и покрај тоа што крилниот напаѓач изјави дека е „уништен“ поради неуспехот да се квалификува во Лигата на шампионите.

Салах ги објави своите коментари на социјалните мрежи непосредно по победата на Манчестер јунајтед со 4:1 над Челзи во четвртокот, со што Ливерпул не се најде на топ 4.

Тимот на Клоп ќе заврши на петтото место и ќе игра во Лигата на Европа следната сезона

- Мо сака да биде тука и е дел од Ливерпул. Тој рече дека се извинува за она што го направивме „ние“ - не се извини за „она што го направија другите момци.

Репрезентативецот на Египет во четвртокот на Твитер напиша: „Нема апсолутно никакво оправдување за ова. Имавме сè што ни беше потребно за да се пласираме во Лигата на шампионите следната година и не успеавме. Ние сме Ливерпул и пласманот во ЛШ е минимум што мораше да го направиме. Жал ми е, но прерано е за возбудлив или оптимистички пост.

Салах, кој минатото лето потпиша нов тригодишен договор - вреден повеќе од 350.000 фунти неделно. Оваа сезона постигна 19 првенствени голови за „црвените“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2023 14:14