Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлин Халанд е прогласен за најдобар млад играч во Премиер лигата за сезоната 2022/23. Наградата се доделува на играчи помлади од 23 години.

Дваесет и двегодишниот Норвежанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој ги освоил наградите за млад играч на годината и играч на сезоната во Премиер лигата во иста сезона.

Во конкуренција за наградата беа и : Свен Ботман (Њукасл), Мојсес Кајседо (Брајтон), Александер Исак (Њукасл), Алексис Мекалистер (Брајтон), Габриел Мартинели (Арсенал), Мартин Одегард (Арсенал) и Букајо Сака (Арсенал).



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2023 01:51