Западот треба да ја третира Русија како „земја изгнаничка” по примерот на Северна Кореја или Иран, изјави Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на САД.

Според него Владимир Путин и неговите послушници се „надвор од границите на прифатливото мнение”.

-Ајде да речеме тоа е вистинска победа, дека сите руски војници се преместени од суверената територија на Украина. Не гледам како Запад може да каже: “Добро, ајде да ја свртиме страницата и да се вратиме да правиме бизнис со Русија како и обично”. Не гледам како самата Русија може да го прифати тоа, изјави Болтон викендов за изданието Експрес Ју Ес.

-Мислам дека претстои да донесеме мошне сериозни одлуки, за тоа дали да го третираме Путин, неговиот режим и Русија како земја изгнаничка, без разлика каква е разрешницата во Украина, изјави тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2023 13:25