Инфографика заснована на податоци од Светскиот атлас открива дека најмногу луѓе во светот (70 - 80 отсто) имаат кафени очи. Следуваат оние со сини - 8 - 10 отсто, лешник-бојата и килибарната - пет отсто, па сивата - три отсто...
Така, најретки се луѓето со зелени очи - два отсто.
Што се однесува до застапеноста, темнокафеавите очи се најчести во Африка и Југоисточна Азија, а светлокафеавата - во Европа, Западна Азија и Северна и Јужна Америка. Зелената боја на очи е најзастапена во Средна, Западна и Северна Европа.