Вчера (30.05.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 42 возачи. Од нив, 23 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Во периодот од 11.00 до 17.00 часот, пак, спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи. Притоа, 8 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 5 возеле без возачка дозвола, 1 мотоцикл бил нерегистриран,1 мотоциклист управувал под дејство на алкохол,1 со измината важност на осигурителна полиса .... За време на контролата санкционирани се 26 други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2023 10:00