Во април годинава во споредба со април 2022, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14.7 %, а реално за 0.5 %), соопшти Државниот завод за статистика.

Во групата Трговија на мало, освен трговија со горива, прометот номинално е зголемен за 9.6 %, а реално бележи пад за 1.5 %. Во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, има номинален раст за 4.4 %, а реално пад за 3.5 %.

Опаѓање и на реалната и на номиналната стапка е забележано само во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 16.5 %, а реално за 15.0 %).



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2023 12:28