Индустриското производство во април годинава во споредба со април лани е намалено за 1,7 отсто. Вкупно, пак, во првите четири месеци од 2023 во однос на истиот период од претходната година намалувањете на индустриското производство изнесува 0,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2023 година, во однос на април 2022 година, бележи опаѓање од 11.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 47.2%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на електрична опрема.

Според главните индустриски групи, производството во април 2023 година, во однос на април 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 29.6%, Капитални производи за 1.5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 11.3%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2023 12:30