Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители на кривични дела, во 2022 година, во споредба со 2021, е зголемен за 1.6 %.

Во наведениот период, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 1.8 %, а бројот на обвинетите лица е намален за 0.4 %.

Бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела е намален за 19.7 %, а бројот на осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела е намален за 31.4 %.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2023 12:30