Русија соопшти дека ќе евакуира стотици деца од села во пограничниот регион Белгород поради засилените гранатирања, каде ситуацијата е оценета како „алармантна“ од Кремљ.

Русија регистрира интензивни напади на нејзина почва во текот на една година во нејзината кампања во Украина, со напад минатата недела во јужниот регион Белгород и напад вчера со беспилотно летало врз Москва .

„Денеска почнуваме да ги евакуираме децата од областите Шебекино и Граиворон“, рече регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм, кои се најпогодените погранични области.

Гувернерот рече дека првите 300 деца ќе бидат однесени во Воронеж, град околу 250 километри во Русија, пренесоа западни медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2023 15:15