Приведен крадец од Гостивар, украдениот мотоцикл пронајден и вратен на сопственикот

На 02.06.2023 во 11.40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар го лишиле од слобода В.Ф.(28) од Гостивар, постапувајќи по пријава од 57-годишен гостиварец според која во близина на Железничката станица во Гостивар му одзел мотоцикл „хамачи“ со гостиварски регистарски ознаки.

Мотоциклот бил одземен и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2023 05:54