Бандера се запалила ноќеска во Росоман, интервенирале кавадаречките пожарникари. Како што појаснуваат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци за МИА, околу полноќ добиле повик за интервенција на запалена бандера со гнездо на штркови. Веднаш интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

Од Противпожарната служба потсетуваат дека и минатата година имале таков случај во росоманското село Рибарци, кога се запалила бандера на која имало гнездо на штркови.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2023 11:45