Четиринаесет возачи од Тетово и Гостивар кои возеле под дејство на алкохол се санкционирани во акциска контрола на полицијата спроведена синоќа во периодот од 22 до 05 часот.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека девет возачи биле од Тетово, а пет од Гостивар. Кај еден од возачите во Гостивар измерени биле до 2 промили алкохол.

Сите 14 возачи се исклучени од сообраќај, изготвени им се соодветни пријави и, како што велат од МВР, ќе се соочат со парични глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај ова, времено ќе им бидат одземени и возачките дозволи од три месеци до една година.

Санкционирани биле и 23 други видови сообраќајни прекршоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 03:15