Во казино на ул.„Јадранска магистрала“, во Скопје, две лица со закана од вработените одзеле пари, при што едното со тврд предмет физички нападнало вработен како обезбедување во казиното.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 07.35 часот во СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 03:53