Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп, денеска, ќе изврши увид на рехабилитација на пат Демир Капија - Неготино.

Како што соопштија од владината прес-служба, по увидот, премиерот Ковачевски, заедно со министерот Бочварски и директорот на ЈПДП Рустеми ќе дадат изјави за медиумите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 10:01