Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 476 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, 41 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа 235 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 241 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 10:42