Секретарот на ерменскиот Совет за безбедност Армен Григоријан денеска изјави дека има шанса Ерменија да потпише мировен договор со Азербејџан.

Тој рече дека тоа би можело да се случи до крајот на оваа година.

„Доколку можеме да го задржиме овој интензитет и има силна поддршка од меѓународната заедница за да се постигне напредок, тогаш постои шанса да се постигне мировен договор до крајот на годината“, рече Григоријан.

Москва, Вашингтон и ЕУ одделно се обидуваат да помогнат да се обезбеди траен мир меѓу Азербејџан и Ерменија, кои водеа две војни во изминатите 30 години за регионот Нагорно-Карабах.

Во 2020 година, Азербејџан ја презеде контролата врз областите контролирани од етнички Ерменци во и околу Нагорно-Карабах. Тој дел е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е населен главно со етнички Ерменци.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето договорено во 2020 година. Минатата недела беше најавено дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ќе се сретнат во јули



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 12:29