Трофејниот поранешен американски кошаркар Сем Касел (53) се согласи да биде дел од стручниот штаб на НБА лигашот Бостон, кој и во следната сезона ќе го предводи Џое Мазула.

Касел одигра 15 НБА сезони во својата кошаркарска кариера и освои три шампионски титули, две со Хјустон (1994 и 1995) и една со Бостон (2008).

Последните девет години ги мина како помошник на Док Риверс, од 2014 до 2020 во ЛА Клиперс, и од 2020 до 2023 во Филаделфија.

Касел претходно беше помошник тренер во Вашингтон од 2009 до 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2023 03:43