Вкупно 186 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.

Како што соопшти МВР, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2023 10:26